02 Мај, 2024
0.0281

Започна конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател, Мицкоски најави победа

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Започна конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга каде што се избира партиски кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април, годинава.

Во обраќањето пред 551 делегат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека со квалитетен избраник и победа на претседателските избори партијата ќе му даде „жолт картон“ на премиерот Зоран Заев и СДСМ. Повика на голема претпазливост бидејќи истите можеби нема да бидат регуларни, а исто така и самиот амбиент, како што рече тој, не е фер. Напомена дека на референдумот во септември за промена на името имало гласачки места каде што се полнеле кутии со ливчиња на секои две секунди.

- Аирлија да ни е денот и да го избереме идниот претседател на Македонија. Земјата е на крстосница, а секој граѓанин има чувство дека постојано губи иако прави се најдобро за својот живот. Тоа е затоа што општеството е труло и вредносниот систем е разорен. Тој човек мисли дека се е против него. Нема да држам лекции што е пропуштено, туку ви велам дека ќе победиме. Не се брише тоа што Македонија била и на нашите прадедовци. Тука сме да ја отпочнеме финалната битка за нејзината одбрана. Да избереме личност која никогаш порано не ја разочарала Македонија, да биде честит, праведен и да ја обединува земјата со своите принципи. Секој од делегатите од вас во оваа сала одлучува и одредува за она што ќе го понудиме пред граѓаните а јас знам дека ќе донесете правилна одлука - рече Мицкоски пред делегатите.

Вкупно 551 делегат избираат меѓу деветмината кандидати, кои се пријавија на партискиот конкурс. Во изборот за претседателската кандидатура ќе се натпреваруваат Гордана Силјаноска Давкова, Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовска, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков. Кандидатите ќе имаат по 15 минути можност да ја претстават својата визија пред делегатите, а потоа предвидено е да се премине на гласање.

За избран кандидат, според деловникот на партијата, се смета оној кој добил најмногу гласови, но не помалку од една третина од вкупниот број делегати. Доколку ниту еден од кандидатите не го добие потребниот број или кандидатите добијат ист број гласови, гласањето се повторува.

Во повтореното гласање учествуваат двајцата кандидати, кои добиле најмногу гласови на првото гласање, при што за избран ќе се смета кандидатот кој добил најмногу гласови на повтореното гласање.

Претходно генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, рече дека овие претседателски избори се клучни за ВМРО-ДПМНЕ, но пред се клучни за Македонија.


Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка