Добивај вести на Viber
Големиот супер маркет на Carrefour во Скопје Сити Мол е затворен. По подолга агонија во која се наоѓаше компанијата во Скопје, се случи и долгоочекуваното затворање на хипермаркетот.
Дел од медиумите јавуваат дека Carrefour остава зад себе милионски долгови кон македонските фирми, за што веќе алармираат од Стопанската комора.
Фактор дознава дека, Комерцијална банка ја активирала хипотеката на кредитот што компанијата го имала земено во оваа банка, откако подолго време не биле измирувани обврските кон банката.
Овој хипермаркет во трговскиот центар „Сити мол“ се простираше на површина од 4.650 квадратни метри и е беше од најголемите во земјата.
Беше отворен пред три години заедно со отворањето на трговскиот центар „Сити мол“. Вака беше на отворањето.
А вака е сега: