02 Мај, 2024
0.0303

ЗЕЛ 4.000 ЕВРА НА ЗАЕМ - потоа го малтретирале за да му го земат станот што го заложил

Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единицата за насилен криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство- Скопје поднел кривична пријава против П.Р., 33 години од Охрид и М.А., 31 година од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека на 29 јуни годинава, поради наводен долг од 4.000 евра, врз В.П., која има 65 години и е од Скопје, извршиле кривично дело „Самовластие“ казниво по член 392 од КЗ.

„На кривично правниот настан претходеле должничко доверителски проблеми, така што оштетениот од пријавените зел 4.000 евра, за што залог требало да биде неговиот стан. Бидејќи оштетениот не го ставил станот како залог, а и ги немал паричните средства кои ги должел, на 29.06.2020 околу 10.00 часот, во близина на зградата каде што живее  во насеба Автокоманда, бил пресретнат од пријавените и со возило бил однесен  во паркот Гази Баба, каде околу час и половина бил психичи и физички малтретиран, по што заминале во домот на оштетениот, каде пријавените продолжиле физички да го малтретираат и му се заканиле по неговиот и  животите на членовите од  негово семејство“, се вели во соопштениетпо од МВР. 

По овој настан, на 65 годишниот оштетен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, од доктор му биле констатирани повреди. 

Од насилниците, едниот сам се пријавил во полчиција, а другиот избегал, и по него е распишана централна потерница.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање