29 Април, 2024
0.0433

Земјоделец купил цело село за неколку милиони куни

Објавено во: Стил 11 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Жељко Страпач од Ветова, земјоделец и најголем млекар во тој регион, неодамна купил цело село за ширење на својот бизнис.

Селото Оздаковце на 15 км од Пожега се наоѓа во општина Велика.

„Мене ме интересира селото. Дел од селото е под шума. Имаше многу документација, многу сопственици дури од 1700 година, и било во државна сопственост. Многу дадов и уште вложувам во ораниците“ - вели тој.

Во селото чува  280 крави, а обработува површина од 240 хектари.

Селото го купил за неколку милиони куни.

Страпач раскажува дека во селото одамна се доселувале луѓе од Босна, а откако решиле да заминат на работа во странство, сакале и да ги продадат имотите во селото.

Токму поради овие причини во околината на Пожега има многу запуштени и изолирани села.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти