02 Мај, 2024
0.0288

ЖЕНИ ПРИЈАВУВАЈТЕ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО - државата ветува дека ќе ве штити

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Жените конечно добиваат закон за спречување на насилството врз нив. Владата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, на последната седница го усвоила Предлог законот за спречување и заштита на насилство врз жените и семејното насилство. 

„Целта на Законот е почитување на основните човекови слободи и права загарантирани со Уставот и ратификувани со меѓународни договори. Законот треба да обезбеди спроведување на принципот на еднаквост, елиминирање на стереотипите за родовите улоги, превенција на сите форми на родово-базирано насилство врз жените, семејното насилство и утврдување на мерките и активностите за заштита на жртвите на родово базирано насилство и семејно насилство“, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјала.

Предлог законот содржи превентивни мерки, како и мерки за заштита на жртвите од повеќе видови и форми на родово базирано насилство. Со него се уредува постапувањето на институциите со должно внимание при заштитата на жените од сите форми на родово-базирано насилство и жртвите на семејно насилство, но и координацијата на институциите и организациите. 

Земјава на крајот на 2017 година ја ратификуваше Европската Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените и семејно насилство (Истанбулска конвенција) која стапи на сила на 1 јули 2018 година. За таа цел усвоен е Акциски план за имплементација на ова Конвенција и објавен е на страната на МТСП, во кој се предвидени конкретни активности и временска рамка за реализирање. Посебен фокус во имплементацијата на Акцискиот план е воспоставувањето на специјализираните сервиси за жртви на семејно насилство.

До крајот на 2019 година отворени се вкупно 12 специјализирани сервиси за жени жртви на насилство во 7 плански региони на територијата на земјава. 

На следниот линк се контактите од центрите каде што може да се пријави семејно насилство: http://www.mtsp.gov.mk/ns_article-prijavi-semejno-nasisltvo.nspx

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање