28 Април, 2024
0.0267

Жените во дигиталниот свет - инспирација, креативност и иновации

Објавено во: Мои пари 07 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Со голема радост и возбуда, го одбележуваме Денот на жената, 8ми Mарт, со посебен текст во форма на интервјуа, посветен на сите наши колешки жени во областа на дигиталниот маркетинг и графичкиот дизајн. Во ова време на славење на женската сила и придонесот во нашата индустрија, возбудени сме да ја споделиме својата приказна и инспирација.

Нашиот тим Nova Solutions е богат” со силни жени со своја визија, кои секојдневно се борат за своите соништа и цели. Денес, нашите гласови заслужуваат да бидат чуени и прославени. Затоа, со гордост и почит, ги споделуваме своите искуства, предизвици и успеси, заедно со порака за инспирација за сите читатели.

За да го заокружиме значењето на овој ден, сакаме да започнеме со топла реченица која ќе ни помогне да ги поврземе жените со креативноста и иновацијата во дигиталниот маркетинг.

Жените се катализатори на креативност и водачи во светот на дигиталниот маркетинг, со својата неверојатна способност да ги трансформираат идеите во виртуелна реалност. Нивната страст и посветеност создаваат несекојдневни и влијателни кампањи кои меѓусебно ги поврзуваат и надминуваат очекувањата на публиката.

На овој начин, го започнуваме нашето интервју, во кое ќе имате можност да ги слушнете гласовите и искуствата на нашите колешки, воодушевени од нивната креативност и иновативност во светот на дигиталниот маркетинг.

Магдалена, кои се вашите размислувања за придонесот на жените во општеството низ различните кариери и како вашиот работен стил и иновативност можат да ги внесат промените?

На моја среќа, во овие 11 години искуство на соработки и терен,во улога на директор за маркетинг и продажба, сретнав жени на различни позиции на кои навистина сеуште се восхитувам. Мотивирана од нив, имплементирав многу нови вештини и работни стилови во своето работење. Иако си имам свој стил на работење како мој автентичен препознатлив печат. Тој се однесува на посебната комуникација која ја имам со клиентите, грижата за нив и нивната промоција и продажба, навременото завршување на работните задачи и предлози. Што се однесува на промените, сметам дека можам да ги донесам преку оние нешта што се викаат „додадена вредност“.

А во овој дел сметам дека креативноста ми е јака страна. Да дадам свое видување за креативно креирање на дигитални стратегии за промоција, позиционирање на брендовите и нивно водење низ процесот на вмрежување со мои соработници кои можат да им бидат од корист. И за крај, сметам дека придонесот што секоја жена го дава, без разлика дали е на деловно или лично поле е уникатен. Секоја е своја, секоја е храбра и посебна со своја визија и свој начин на дејствување. Клучно е само да ја гледаме големата слика на сите нешта, да рушиме заедно бариери и табу теми. Само така ќе постигнеме поголемо исполнување и задоволство од своето работење и дејствување во околината во која функционираме. – Магдалена Аневска

Теодора, како се справувате со предизвиците во вашата улога на сениор графички дизајнер и кои се најголемите предизвици што сте ги искусиле?

Како женско, со позиција графички дизајнер, можам да споделам дека навистина имам премногу секојдневни предизвици, каде нормално секој си има своја тежина. Морам да споделам една интересна случка каде клиентот инсистираше изработување банер но од страна на машки дизајнер’’ затоа што тие сметале дека е посоодветно и подобро би се снашол во нивната индустрија. Нормално банерот беше изработен успешно од страна на  машки дизајнер’’. – Теодора Димовска.

Мартина, ќе споделите ли со нас, од каде црпите инспирација за креативните аспекти на вашата улога како менаџер за маркетинг и продажба?

Инспирацијата за мојата позиција ја црпам од различни извори, вклучувајќи активности како одење во теретана, возење велосипид, дружење со пријателите, патување. Дополнително, присуството на креативни семинари за да останам во тек со трендовите игра клучна улога. Но, мојата шестгодишна соработка со успешни жени од различни индустрии обезбеди вредни сознанија. Овие искуства ја освежуваат мојата перспектива и ја поттикнуваат мојата креативност, помагајќи ми да развијам иновативни стратегии за маркетинг и продажба.

Мелиса, како social media менаџер, кои според вас се најдобрите практики за управување со критики и негативни коментари на социјалните мрежи и како ги минимизирате негативните  последици?

Кога се соочуваме со критики и негативни коментари на социјалните мрежи, ги гледаме како можност за усовршување на услугите за нашите клиенти и подобрување на нашето видување во однос на промоцијата.

Во нашата стратегија, културното и професионалното одговарање е највисоко на листата на приоритети, со истакнување на предностите на нашите производи. Секако, не изоставуваме од брзото и ефективно реагирање, испраќајќи одговори што се јасни и точни. Ова помага во изградбата на отворена и доверлива комуникација со публиката, и ги минимизира потенцијалните негативни последици. – Мелиса Бичаковска.

Теодора, како графички дизајнер, кои се вашите размислувања за придонесот на жените во општеството преку различни кариери и како вашата работна етика и иновативност можат да донесат промени?

Како графички дизајнер ја ценам значајната улога на жените во различни професии. Жените имаат непроценлив придонес во општеството поттикнувајќи позитивни промени преку нивните различни таленти и вештини.

Преку мојата работа се стремам да ги инспирирам жените на позитивна трансформација во општеството. – Теодора Чагоровска.

Дали со примена на вештачката интелегениција AI гледате закана или можност за успешна колаборација помеѓу вас како тим во креативниот процес?

Како жени во дигиталниот свет, ние ја прифаќаме вештачката интелигенција AI како алатка, а не како пречка во нашата работа. Напротив, AI не само што ги насочува задачите, туку и инспирира свежа и иновативна содржина. А за да бидеме во тек со последните дигитални трендови, и фотографиите за ова интервју се генерирани токму со таа алатка.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг