02 Мај, 2024
0.0272

ЖЕСТОКО ВО ТИРАНА И ДРУГИТЕ ГРАДОВИ ВО АЛБАНИЈА: Безредија и немири поради смртта на 25-годишно момче

Објавено во: Балкан 12 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во Тирана и во останатите поголеми градови во Албанија не стивнуваат протестите поради смртта на 25-годишното момче.

Во жестоките безредија и немири учествуваат главно млади луѓе, кои и вчера се собраа пред зградата на Министерството за внатрешни работи, а потоа револтот го искажаа и пред седиштето на премиерот Еди Рама.

И по оставката на министерот за внатрешни работи, Сандер Лешај, демонстрантите бараат и оставка и од првиот човек на албанската полиција, Адри Велиу. Сметаат дека е крајно време да престане полициската бруталнот во земјата, за што е потребна, како што велат, целосна реформа во овој сектор.

Инаку, 25-годишното момче почина откако полициски службеник пукаше во него ноќта на 8.декември во 1.часот по полноќ.  

Во официјалното соопштение на албанското МВР се наведува дека по повикот на полицијата да запре, момчето не послушало и почнало да бега од полицијата. Исто така, во извештајот стои дека полициските службеници откриле дека тој носел огнено оружје. Еден од полицајците, откако не успеал да го фати лицето, кон него отворил оган со службено оружје, при што 25-годишникот бил повреден, но подоцна во болница им подлегнал на повредите.

Полицаецот кој пукал во момчето е приведен, бидејќи МВР оценува дека постапките на полицискиот службеник се во спротивност со стандардните процедури за употреба на огнено оружје.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“