02 Мај, 2024
0.0250

ЗЛАТНА ЗОРА НАДВОР ОД ПАРЛАМЕНТОТ: Порачуваат дека ова не е крај за нив

Објавено во: Балкан 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Неонацистичката Златна зора e исфрлена од грчкиот парламент.

Златна зора, неонацистичката, антиемигрантска партија која ја шокираше грчката политика со еволуцијата од маргинална група во трета по влијание политичка партија во Грција за време на економската криза, не е дел од грчкиот парламент по вчерашните избори.

Златна зора има 2,95 отсто од гласовите, а тоа е недоволно да добие претставник во парламентот, за што се потребни најмалку 3 отсто.

Државната аналитичка агенција информираше дека партија нема шанси да влезе во парламентот, а лидерот на Златна зора Никос Михалолијакос го призна тоа во жестокиот говор кажувајќи дека „Златна зора не е готова“, јавува Катимерини.

Златна зора може да се ребрендира како помалку екстремна организација, во групата на евроскептичните партии и оние од алтернативната десница.

Златна зора имаше 18 пратеници од 300 во досегашниот парламент, освојувајќи 6,99 отсто од гласовите на последните парламентарни избори во 2015 година.

„Им испраќаме порака на нашите непријатели и таканаречени пријатели: Златна зора не е готова, сфатете го тоа. Борбата за национализмот продолжува. Ќе се вратиме кога ќе зајакнеме – на улиците и плоштадите, во тешката борба против болшевизмот и претстојниот суров капитализам“, порача Михалолијакос пред своите поддржувачи.

Тој ги нападна и досегашниот премиер Алексис Ципрас и новиот Кирјакос Мицотакис, завршувајќи го говорот со вообичаениот поздрав „Хајл победа!“, директна референца на нацистичкиот поздрав „Зиг хајл“.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат