28 Април, 2024
0.0262

Знаете ли каде е најопасно да се јаде? На листата и летни дестинации!

Објавено во: Стил 08 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Земјата во која туристи најчесто се трујат со храна е Шпанија, после следат Турција и Египет, покажува анкетата која ја направила британската фирма Слејтер енд Гордон (Slater and Gordon).

Листата на најопасни земји за конзумирање храна на јавни места е направена врз основа на анкета за бројот на туристи затруени од храна на туристички патувања.

Анкетата направена врз примероци од 2000 туристи покажала дека патниците најчесто се труеле со храна на туристички патувања надвор од Европа.

На прво место по број на труења е Шпанија, каде дури 30 одсто од испитаниците морале да „трчат“ во тоалет поради неисправна храна.

На второ место каде 15 одсто од туристите биле затруени со храна е Турција, додека на трето место се најде Египет со 13 одсто.

Четвртото и петото место најопасни земји за конзумирање на храна на јавни места со 12 одсто случаи на труење се Грција и Франција.

На шесто место со осум одсто забележани случаи на труење со храна на патување е Италија, седмо и осмо место со седум одсто туристи кои имале стомачни проблеми поради конзумирање на локална храна се САД и Индија.

Деветото и десетото место со шест одсто од туристи со лошо искуство со локална храна се Мароко и Тајланд.

Истражувањето покажало дека на секој четврт испитаник еден од главните фактори за избирање на туристичка дестинација е квалитет на  локалната храна, подразбирајќи под тоа и хигиена при нејзино подготување.

Половина од вегетаријанците на патувањето биле излажани во поглед на содржината на сервираната храна, а 37 одсто виделе месо во својот „вегетаријански“ оброк.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти