03 Мај, 2024
0.0275

Зоран Заев по вчерашното интервју: И јас имам дедовци и баби учесници во НОБ

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Антифашистичкото минато е дел од моето семејство и од мојот град, и јас имам дедовци и баби учесници во НОБ, но наша должност како нација и граѓани, а посебно моја како премиер, е да ги правам исчекорите и да градам пријателство низ призмата на Европската унија, бидејќи огромното мнозинство е за членство, рече денеска премиерот Зоран Заев од селото Гиновци.

Ова претседателот на Владата денеска го истакна како резултат на вчерашните бурни реакции на социјалните мрежи од страна на голем број на граѓани кои го потенцираа сведоштвото на нивните предци во Втората светска војна, по интервјуто на Заев за БГНЕС.

- Европските народи се договорија да не заборават и да си простат Европската унија е пример како историски конфликти оставија зад себе. Со таа намера продолжувам додека не го остварам стартот на преговорите. Нашата држава е резултат на антифашизмот, вековниот идеал е остварен со Асномска Македонија. Давање етнички карактеристики на фашизмот е неприфатливо. Темните страници не треба да бидат пречка за развивањето на добрососедските односи на Балканот и Европа. Во тогашна Југославија постоеше железната завеса и факт е дека се разладија односите. Треба да работиме на отстранување на последиците и од таа железна завеса чии последици се уште се видливи помеѓу Македонија и Бугарија, рече денеска Заев пред новинарите.

За интервјуто со бугарскиот новинар рече дека не знае дека ќе ги подобри позициите на Македонија во омекнувањето на ставот на Бугарија кога станува збор за допуштање на датум за преговори со ЕУ, но дека во интервјуто се водел од желбата да помогне во евроинтегративните процеси, без да калкулира за својот политички рејтинг. За јазикот, вели дека денеска посебно постојат македонски литературен и бугарски литературен јазик.

- Јазиците доминантно потекнуваат од старословенскиот јазик, но тие не прават блиски регионално бидејќжи зборот „рака“ кај нас е „р'ка“ во Бугарија и „рука“ во Србија,. рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.



Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник