Зошто и какви закани добива грчкиот министер Коѕијас?
Објавено во: Балкан 17 Март, 2018
Грчкиот министер Никос Коѕијас добил писмо-пратка со куршум, пишува грчкиот портал iefimerida.gr
Пратката му била доставена пред посетата на Македонија, а пораката била дека куршумот е заради неговата улога во решавање на ,,македонското прашање“. Пратката и куршумот се испратени на вештачење.
Ова не е прв пат Коѕијас да добива закана. Вакви заканувачки писма тој добивал и на почетокот на февруари и тоа повторно заради ,,македонското прашање“.