ЗОШТО МУ СЕ ЛУТИ МЛАДИТЕ ОД АЛИЈАНСА - премиерот Заев во Гостивар дочекан со протести
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2019
Вчера премиерот Зоран Заев беше дочекан со протести во Гостивар, каде што потоа се одржа партиската трибина „На прав пат“.
Всушност, кога премиерот и неговите сопартијци стигнаа таму, се соочија со протест организиран од страна на активистите на Алијанса за Албанците.
Младите од таа партија го обвинуваат дека била спречувана работата на локалната власт, и на нејзиниот градоначалник, Арбен Таравари. На еден од кружните текови во Гостивар тие имаа поставено столбчиња со анти владини пароли, чија содржина е дека премиерот е виновен што има застој на работата на општина Гостивар. Подоцна поставените плакати беа отстранети од органите на редот.
Телевизијата ТВ21 јави дека активистите излегле пред придружбата каде требаше да помине премиерот Заев. Неколку припадници на полицијата се обиделе да ги отстранат младите од кружниот тек.
А во текот на неговиот говор, премиерот Зоран Заев говореше дека Гостивар е пример за нашата мултиетничка држава.
фото ТВ21