29 Април, 2024
0.0258

Зошто поскапеа акциите на Twitter ?

Објавено во: Стил 12 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Застанувањето привремено на функцијата главен извршен директор на Twitter, од Џек Дорси го охрабри индиректно во понеделникот курсот на акциите на компанијата. Тој и другите членови на Одборот на директори, како финансискиот директор Ентони Ното, го зголемија значително своето портфолио во услугата за кратки пораки, како што е јасно од порака на Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД (Securities and Exchange Commission, или SEC) , цитирана од Bloomberg. Дорси, кој лично инвестирал околу 875 000 долари за хартии од вредност, го нагласува овој потег со демонстративен гест. Тој го сподели линкот во пораката на сајтот на SEC во својот профил на Twitter и коментираше "инвестирам во иднината на Twitter". Ова, се разбира, им се допадна на инвеститорите, и акциите се лансираа во сесија со над 9 отсто до 29,50 долари. twitter Поранешниот директор на Twitter, Дик Костоло, кој во јуни по подолга критика кон начинот на управување беше принуден да ја напушти функцијата, често го врзуваат кон концернот со масивни операции за откуп на акции. Пред неколку дена (7-и август) акциите се намалија до најниско ниво од 27,82 долари, а се цитираа малку над оваа вредност при берзанското деби од 26 долари. Тоа се случи на позадината на слабиот квартален извештај на компанијата, кој откри изненадувачки слаб раст на бројот на корисници. Минатата недела Џек Дорси, вршител на функцијата извршен директор на Twitter, кој е и нејзин основач, и Ното предупредија дека ќе биде потребно време пред социјалната мрежа да се справи со забавувањето на растот на новите корисници. Тие исто така велат дека побарувачката од реклами не ги оправдува нивните очекувања. Истовремено Twitter бара нов извршен директор, кој треба да седне на местото на Дик Костоло. Покрај Дорси други можни кандидати за функцијата се поранешниот директор на Yahoo Рос Левинсон, директорот на апликацијата за вести Flipboard Мајк Маккни, основачот на Instagram Кевин Систром и извршниот директор на сајтот за блогови Medium Еван Вилијамс, тврди SunTrust Robinson Humphrey. Покрај стекнувањето на акциите, за повисокиот курс се погрижи и друга вест. Компанијата објави дека го продолжува склучениот во 2013 година договор со Националната фудбалска лига на САД (NFL). Во иднина соработката ќе биде темелна. Twitter ќе објавува секојдневно клипови, инфографики и други ексклузивни содржини, поврзани со лигата. Пред сè финалето на Super Bowl е вистински магнет за публиката во САД. Обработка: К.К. Извор: Bloomberg.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти