11 Мај, 2024
0.0275

ЗОШТО СЕ СЛУЧИ КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК: Лошото образование раѓа вандализам и античовечки дејствија!

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Лошото образование раѓа вандализам, античовечки и антицивилизациски дејствија

Крвавите насилства во Собранието покажаа дека во земјава се руинирани општествените вредности, дека има сериозен проблем со демократијата, критериумите, образованието кое наместо чесни и одговорни граѓани продуцира партиски послушници- вели професорот Душко Стојановски од гимназијата “Орце Николов”. Промени како што вели  мора да има особено во образованието, бидејќи здраво општество се гради на образовни темели, а патот до  изграден систем на вредности треба да се бара во квалитетот, а не во слепата послушност. 

Одговорност за поттикнувањето на насилствата и нивното спроведување треба да понесат политичарите, директорите и  наставниците кои отворено застанаа зад  насилствата, тензиите. 

“Секој нормален човек не може ништо друго да каже освен дека тоа што се случуваше во Собранието беше чист вандализам, античовечки, антицивилизациски чин. Најлошо во нашето општество е што наместо да се размислува за човечките вредности како што е среќата во една заедница и љубовта кон државата, луѓето се полни со омраза. Се што е различно од нив  го ставаат во состојба на линч и осуда. Неистомислениците им сметаат и веднаш посегнуваат кон реваншизам, што остава лоша слика за земјата, за граѓаните”- вели професорот. 

Тој долги години предава македонски јазик и литература во скопската гимназија. За него  учениците се инспирација но и одговорност во какви личности   ќе се изградат. За среќа вели дека има многу луѓе кои знаат што е вредноста и  неа ја бараат во  животот, во човекот. А тоа   треба да се негува и да се чува.

“Токму тоа последниве десет, единаесет години се уништуваше. Во образовниот систем сериозно навлезе омразата, поделбата. Се создаваат  личности кои се само пропаднати платеници, трговци кои незнаат на кој начин што би правеле туку да исполнуваат нечии болни замисли, да сеат страв и омраза. Тоа мора да престане.  Во образованието треба да  се создаваат вистинските вредности во една заедница. Жално е ако “вакви” вредности се раѓаат таму, тогаш навистина постои опасност да ја изгубиме државата”-потенцира професорот Стојановски.  

Според него мора да има сериозна одговорност, санкции и казни, особено за директорите и наставниците кои агитираа нивните ученици да излезат на улица за поддршка на Иницијативата за Заедничка Македонија, за прикривање на криминалите на власта, а од друга страна практично ги ставија во опасност безбедноста и  меѓуетничкиот соживот кај младите од различните етнички заедници.  

“Треба да има одговорност, првo  треба да ја понесат одговорните “влијателни” личности кои слушаат наредби, а потоа и следниот ред, директорите, наставнициte. Ако се земе во предвид какви наставници влегоа во образовниот процес последниве години,  не е ни за чудо како ги едуцираат децата. Нормално е тие да поттикнуваат нешто што нема врска со нормално однесување. На пример  каква е таа Тиранска платформа?  Па тоа ќе се решава во Парламент ако е погрешно, во дискусии, во дебати,  во кои луѓето ќе ги изнесуваат своите аргументи и преку нив ќе поттикнуваат принципи на однесување, а не да поттикнуваат  линч и убиство на луѓе кои не размислуваат исто со нив. За среќа мислам дека надвладеа разумот, па оттука не очекувам наметнатата омраза  да се прелее во  меѓуетнички конфликти. Можно е да  има нови инциденти, но сепак мислам дека процесот на препознавање на лошите политики почна. Младите не се само личности кои немо ќе следат по медиумите кои продуцираат пропаганда. Младите  веќе јасно согледуваат што сакаат и нема лесно да влезат во опасност”- додава професорот. 

На образованието вели  му се потребни длабоки и сеопфатни  реформи. Тие треба да започнат со ригорозни критериуми во изборот на професорскиот кадар, а да завршат со општествено вреднување на добрите ученици и студенти, не преку формални награди, туку  системски решенија за нивно задржување во земјава, валоризација на нивниот труд и знаење, потоа нивно вработување на позиции на кои тие лично ќе напредуваат и ќе го движат напред целото општество. 

“Јас се движам во автобус, пешачам до работното место, слушам што зборуваат луѓето. Има манипулирани млади деца со иронично размислување зборуваат за инцидентите како за потсмев. Во образованието мора да има посветени луѓе на работа и знаење, а не пропагандисти.  Професор не значи само да предаваш  одреден предмет туку да допреш до младата личност. Лекциите за атоми, молекули, литература, географија, историја, математика,  треба да бидат основа врз која ќе се гради младата личност”- вели професорот Стојановски.

Најголем дел од законите во образованието смета дека се донесени на нетрансапрентен начин, без дебата  и без никаква стратешка цел, а  реформите беа само форма во која  недостасува суштинска промена за која се потрошија многу пари,  а без  ефект. Секторот образование вели  служеше само за вработување и за контрола врз вработените. 

Младите во Македонија се жртви на политичарите и политичките партии во нивната борба за гласови и градење на повисок рејтинг. Говорот на омраза како алатка за мобилизирање во групите според професорот  мора да престане, затоа што предизвикува негативни последици врз развојот на демократското  и мултикултурното  општествo. 

Одговорни за говорот на омразата и за повиците на етничко и политичко насилство во земјата се токму структурите на моќта кои  ја ризикуваат безбедноста и стабилноста на целата земја, со една единствена цел – да ја осуетат правдата и да го спречат враќањето на демократијата и владеењето на правото. Тоа вели професорот Стојановски,  мора да сопре, веднаш и сега!


Можеби ќе ве интересира

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Изет Меџити: Заканите од ДУИ се бесмислени

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Се огласи Оливер Спасовски по изборниот дебакл: Продолжувам како пратеник, ќе се борам да немаме повторно режим

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Претседателските избори официјално завршени, Силјановска Давкова го добива уверението од ДИК

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Груби: Сакавме да докажеме дека Американците градат побрзо автопати од Кинезите

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Милијардата на Мицкоски ќе дојде од Емиратите?

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието

Таравари се надева дека ВЛЕН ќе ја добие функцијата претседател на Собранието