15 Мај, 2024
0.0277

„Хотели Метропол“ со амбициозни планови: За годинава планира инвестиции и добивка поголема за 50 проценти

Објавено во: Економија 02 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Најголемата охридска хотелиерска компанија „Метропол“ која управува со 378 сместувачки единици во три хотели веќе најави дека оваа година ќе ги зголеми инвестициите, ќе работи со зголемена добивка, а ќе се зголемат и цените за оваа сезона од 15 до 20 отсто. За профитот се проектира дека би бил за 50 отсто повисок од оствареното во 2023 година

Најголемиот хотелски комплекс на охридската ривиера „Хотели Метропол“ ги зголеми цените на своите услуги од 15 до 20 отсто и тоа е официјално објавено во финасискиот план на компанијата.Документот е јавно достапен на информативниот сервис СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност, на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=67152

Во своето известување, кое е транспарентно и е во интерес на сите потенцијални инвеститори, компанијата известува дека проектира барем 70.000 ноќевања во 2024 година со што ќе го постигне прагот на рентабилност.

Во своето образложение за зголемувањето на цените на хотелско-угостителските услуги „Хотели Метропол“ елаборира (цитираме):

- Согласно вкупните проектирани трошоци за планирате ноќевања, проектирана инфлација, земајќи ги во предвид и влијанието на конкуренцијата, деловното опкружување и потребните материјални и човечки ресурси, направена е модификација на цените на сите хотелско-угостителските услуги и истите се зголемени во просек од 15-20% за 2024 година во однос на 2023год.

На тој начин придонесуваме во одржување на стабилноста на готовинските текови и ликвидноста на друштвото, а со тоа и остварување на позитивен финансиски резултат како крајна цел,објаснуваат од компанијата.

„Хотели Метропол“ кој на охридската ривиера располага со хотелите „Метропол“ и „Белви“, категоризирани со 4 ѕвезди и „Турист“ со 3 ѕвезди годинава очекува оперативни приходи од 3,65 милиони евра. Тоа е за 8 отсто повеќе од тоа што компанијата го остварила во 2023 година. Оперативните расходи за годинава се проектирани на ниво од 3 милиони евра и ако се реализираат би биле за 6 отсто повисоки од 2023 година.

Добивката компанијата ја проектирала на 631.000 евра што е за 50 отсто повеќе од профитот што компанијата го остварила во 2023 година.

Трите хотели на компанијата „Хотели Метропол“ располагаат со 368 соби и 10 апартмани, односно 378 сместувачки единици. За да го достигне проектираниот цензус од 70.000 ноќевања просечната искористеност на сместувачките капацитети на ниво на трите хотиели би била 25 отсто до целиот годишен капацитет.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри