06 Мај, 2024
0.0231

10 милиони евра од кравји измет заработени во Македонија

Објавено во: Економија 07 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Двете биогасни централи на ЗК Пелагонија во сточарските фарми во Новаци и Породин, како и единстеваната на Везе Шари и Лекер во Требош продале струја од биогас од точно 10 милиони евра во 2019, информира Регулаторна комисија за енергетика.  Трите електрани произведуваат зелена енергија од обновливи извори, кои истовремено значат и преработка на органскиот отпад од говедарските фарми и воедно сите три се повластени производители по повластена тарифа.

„Пелагонија Енерџи“ и „Електро Шарри“ минатата година заработиле точно 610,14 милиони денари. Инвестициите се враќаат во последните четири години. Продадена е струја во вкупна вредност од 2,2 милијарди денари од 2016 па до сега од кога започнуваат со работа. Имаат константно производство секој месец за разлика од хидроцентралите како повластени произведувачи кои во сушните месеци имаат помалку продажби на струја. Производството на биогасните централи е околу 55 киловат-часови годишно.

Од сите повластените производители кои користат повластена тарифа, како што се фотонапонските централи, хидроцентралите и ветерните централи, за биогасните термоцентрали учествуваат со 16 отсто во производството, додека во распределбата на финансиските поддршка учествуваат со 27 отсто. Тие се втори во структурата по заработка, додека на прво место се 90 хидроцентрали.

„Просечната цена за електричната енергија произведена од термоелектроцентралите на биогас е повисока од просечно остварената цена на електричната енергија произведена од сите видови на електроцентрали. Таа изнесува 11,07 денари по киловат-час.за снабдувачите и трговците“, велат од РКЕ.

Оваа година се очекува да заработат многу повеќе, затоа што до сега дозволената инсталирана моќност за термоелектроцентрали на биогас беше 7 мегавати, додека од 1 јануари 2020 година можноста е зголемена за дополнителни 13 мегавати, што се очекува да резултира со зголемување на потенцијалот во наредните години.

Снабдувачите и трговците го откупуваат количеството електрична енергија произведена од повластените производители од операторот на пазарот на електрична енергија секој ден, а повластената тарифа е загарантирана за секој киловат час а целото производство мора да биде откупено во период од 15 до 20 години, во зависност од видот на електроцентралата. Само 18,35 отсто од произведувачите на струја од обновливи извори на енергија во Македонија се повластени.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години