10 вештини со кои секогаш ќе може да најдете работа
Објавено во: Економија, Стил 07 Март, 2016
Во периодот кога технологијата го заменува човечкиот труд во се повеќе сфери, пазарот на трудот се соочува со големи промени. Компаниите не можат да најдат работници со вештини кои ги бараат од нив, а пак луѓето со право се грижат како новите технологии ќе влијаат не само на нивните работни места, туку на нивниот живот воопшто.
Во таа насока, Светскиот економски форум дава предвидување кои се 10 вештини кои ќе се бараат од луѓето на работните места до 2020 година:
Решавање на комплексни проблеми
Критично размислување
Креативност
Менаџмент со луѓе
Координирање со другите
Емоционална интелигенција
Расудување и донесување на одлуки
Ориентираност кон услуги
Преговарање
Когнитивна флексибилност