03 Мај, 2024
0.0264

15 милиони денари за иновациски ваучери за универзитетите

Објавено во: Економија 11 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупно 15 милиони денари за факултетите и за истражувачките центри, кои ќе остварат конкретна деловна соработка со домашните компании во истражување и развој ќе додели Фондот за иновации и технолошки развој. Денеска беше презентиран нов инструмент за поддршка на домашните компании и високо образовните институции.

Според министерката за образование и наука, Мила Царовска оваа поддршка има голем потенцијал и ќе биде доста корисна. Вели дека на овој начин високо-образовните институции ќе станат извор и на иновации и на знаење во реалниот сектор, а на овој начин ќе се зголеми учеството на БДП во научно истражувачки проекти. 

„Сигурна сум дека ова кое го иницираме сега ќе успее да се развие во програма која системски ќе се гради и на крајот ќе видиме дека бизнис секторот и научните установи ќе воспостават континуирна соработка во заеднички интерес со цел државата да ни се развива, вели Царовска. 

Директорот на Фондот за иновациии технолошки развој Јован Деспотовски вели дека за првпат државата воведува инструмент со кој директно поттикнува соработка меѓу академската заедница и бизнис секторот во функција на економскиот развој. 

„Она што е многу важно е дека директен корисник на финансиската поддршка се Универзитетите, додека компаниите добиваат услуга од академскиот кадар – професори, асистенти и студенти. Нашата цел е директно да вклучиме академската заедница во економскиот развој на државата,“ изјави Деспотовски.

Деспотовски нагласи дека со оваа се обезбедува поддршка од државата која до сега недостасуваше и поради која на глобално ниво Северна Македонија има ниски перформанси.

“Над 1.700 милијарди долари се вложувањата во Светот во истражување и развој. С.Македонија вложува само 40 милиони односно само 0,4% од БДП. Споредено со регионот, Словенија вложува 2,4% од БДП. Според Глобалниот иновациски индекс државата има одлични перформански според повеќе индикатори, но во овој дел досега заостанувавме значајно - 112 од 131 рангирани земји. Но, ние решивме со директна акција да се обидеме да го намалиме заостанувањето и да ја приклучиме С.Македонија во редот на земји што системски вложуваат во истражување и развој,“ нагласи Деспотовски.

Новина е дека повикот ќе биде отворен од први октомври, а веќе од истиот момент ќе може да се исплаќаат финансиски средства. Фондот за првпат воведува нов принцип на доделување на средства по принципот “прв дојден – прв услужен“, односно според редоследот на поднесувањето на комплетни апликации. Апликациите ќе се поднесуваат исклучиво по електронски пат а рокот за аплицирање ќе трае се додека не се доделат предвидените средства. Рокот за реализација на средствата од ваучерите ќе изнесува шест месеци. 

Иновациските ваучери ќе можат да се искористат за покривање до 80 проценти од вкупните трошоци на научно-истражувачките услуги, во максимален износ од 500.000 денари, без данок на додадена вредност (ДДВ). Останатиот дел од 20 отсто е учество на компанијата, корисник на услугите од факултетите.

Средствата ќе можат да се користат за активности како: развој на нови и подобрување на постоечки производи, процеси или услуги; доказ на концепт, студија за изводливост, техничка спецификација, производство на лабораториски прототипови, изработка на демонстрациони прототипови, различни видови на испитувања, валидација на технологија, советодавни услуги во врска со иновациска дејност, развој и воведување на посебен софтвер за производ или процес, како и за специфични обуки во врска со развојот на технолошки решенија. 


Можеби ќе ве интересира

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен