06 Мај, 2024
0.0237

2,5 милиони евра К-15 за вработените во државната ЕСМ, Ангеловска смета дека е некоректно

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) им исплатила на вработените регрес за годишен одмор за 2020 година во вкупна вредност од 166 милиони денари или над 2,6 милиони евра во текот на овој месец. К-15 добиле сите 5.661 вработени и тоа по 26.422 денари или по една просечна плата за секој. Исплатата се случила во време на криза, веднаш откако Уставниот суд ја стави вон сила Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци за плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба. Тоа значи дека исплатата на К-15 е со законска основа. Сепак од Министерството за финансии за Фактор велат дека оваа постапка не е коректна.

Според наши информации освен ЕСМ и други државни претпријатија исплатиле регрес за годишен одмор во текот на овој месец. Од компанијата за производство на електрична енергија ја потврдија информацијата.

„Управниот одбор ги согледа сите околности, остварените резултати, преземените чекори во услови на криза, како и проекции од работењето на компанијата во следниот период и донесе одлука за  исплата на регрес на вработените. Исплатата е извршена откако Уставниот суд ја стави вон сила Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба. Додека уредбата беше на сила, АД ЕСМ не исплаќаше дневници за патувања во земјата и надоместоци за прекувремена работа за своите вработени, како и хонорар за членовите на Надзорниот одбор, стои во одговорот од ЕСМ.

На 1 април Владата усвои информација за намалување на непродуктивните расходи која содржи неколку заклучоци меѓи кои и времена забрана за нови вработувања, ангажирања на привремено и нови договори на дело, кратење на непродуктивните расходи за спонзорства, реклами, репрезентации, набавка на мебел, опрема, возила и други непродуктивни расходи кои суштински не се поврзани со справување со COVID-19. Меѓу препораките беше и да не се доделува регрес за одмор во јавен сектор и да не се реализираат другите права од Општиот колективен договор за јавниот сектор. Исто така јавните претпријатија беа задолжени да ги намалат за 15 проценти тековните расходи, а беше укажано и препорачано и на единиците на локална самоуправа како и јавните претпријатија и АД во државна сопственост и сите останати субјекти во јавниот сектор да ги почитуваат донесените мерки и да се воздржат од помалку суштинските расходи кои не придонесуваат во справувањето со Ковид -19. 

Од Министерството за финансии велат дека не биле известени за ова и додаваат дека овие јавни претпријатија требало да го земат предвид моралниот аспект на постапката.

„Со укинувањето на уредбата од страна на Уставниот суд, нема законски основ по кој може да им се ограничи ваквата исплата на јавните претпријатија, но сепак во вакво време сите треба да го имаме предвид и моралниот аспект и одговорноста и оправданоста на секоја одлука која ја носиме, велат оттаму.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години