03 Мај, 2024
0.0270

8-Март: Празник? Ден? Чиј?

Објавено во: Стил 08 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Ефтини цветни аранжмани. Попуст на два купени парфеми. Организирана прослава во кафеана. Распродажба на завеси и шолји за кафе. Миксери и правосмукалки-најповолно.

Специјален детергент за перење алишта, само за вашиот ден. Групни попусти... Попусти на мали и големи куќни апарати. За купување на над 1000 денари, за подарок добивате две фарби за коса. Па 8-март е или Ден на жената, за сите неупатени или заборавени.

Пред мажите нема уште многу време, да измислат подарок или изненадување за жената, и да надокнадат за целото годишно или животно невнимание, грешки или пропусти. Пред мажите е најголемиот хорор ден со најхорорното сценарио. Кошмарни соништа веќе со денови ги прогонуваат, нервозни се и исплашени. На момент стануваат најголемите шопинхолицчари, бидејќи се вовлечени во потрагата за најидеалниот подарок.

Знаат дека на каранфили, посебно оние запакуваните во целофан, не помислуваат ниту во тие кошмари, меѓудругото нивните „убави половини“ на работа ќе добијат исти такви.

Мора да заборават на домашните апарати, иако се на најголем попуст, бидејќи од својата партнерка ќе добијат за возврат мноштво пцовки: „Значи така, само во кујната ме гледаш. Мислиш дека животот ќе ми го олесниш со овој рачен миксер, па тогаш земи го ти, па миксај до бесвест“. Мора да заборават и на убавите бомбониери во разни облици, иако нивните жени се луди по тие слатки бомбончиња, бидејќи ќе се случи да токму таа која ја купиле, како стигне до нејзините раце, станува бомбиниера со изминат рок. Мора да заборават на “хаљините“, блузи или сукници, бидејќи во секој случај ќе ја промашат бојата или во модел или во величината.

ШТО ЖЕНАТА (НЕ) САКА ОД МАЖОТ

Подарок кој треба да биде единствен, бидејќи ако не биде, ќе слушне: „Па добро бре, ова кумот Јово и го купи на кумата Маја минатата година. Ни на денешен ден не умееш да бидеш креативен. Цел живот копираш некој, никогаш не си оригинален“.

Подарок кој не трба да биде ефтин, но ако таа прецени дека е, ќе слушне: Цицијо. Кај Кинезите најде да ми купиш ташна. Ако не можеше да заштедиш да ми купиш во Дуки Дасо, што ми го купуваше ова с...ње. Што да правам со ова? Да го фрлам, да го дадам во Црвен Крст? Стварно си грозен..“

Подарок кој не треба да биде прескап, но ако таа прецени дека е, ќе слушне: „Како не ти е срам да фрлаш толку пари на овој глуп веш, а знаеш дека кабловската е исклучена веќе три месеци. А меѓудругото и гаќите ми се мали, или можеби имаше мерка од некои други при купуавњето...“

Подарок кој треба да покаже чуства и внимание и љубов и да биде во согласност со нејзиното хоби, бидејќи ако не биде, ќе слушне: „Па каде најде зелена рамка за слика, кога знаеш дека не ни се софпаѓа со мебелот. Да сакав зелена рамка, знаеш дека би купила, не би чекала на тебе да ми ја дополниш колекцијата со рамки за слики“.

Подарок кој треба да биде едноставен и понаков, бидејќи ако не биде таков, ќе слушне: Книгата „Самодовербата на жените“ која ја имам и сум ја прочитала сто пати„ Но кога се сети да ја спакуваш во толку црвени рози, поубаво би било само една орхидеја да си залепил за оваа книга, а која веќе ја имам“.

Подарок кој треба да биде изненадување, но постои можност да слушне: „Да ме изненадиш со несење во кафана на вечера и музика? Е, баш ме изненади во п.м. а, посебно што не ми кажа навреме, бијдеќи ниту имам што да облечам, ниту сум исфарбана. Подобро да ми купеше фарба за коса“.

Подарок кој ќе ги исполни нејзините желби, бидејќи толку пати во годината повторувала, што се создала идеална шанса, но може да слушне: „Си ми купил дигитална вага, која уште зборува: Симни се, уште си дебела и тешка! Јас за тебе сум значи дебела. А, тоа што јас сакам да ослабнам тоа е моја работа. Подобро да ми уплатеше аеробик, а сега сосетката да ми се потсмева и да се шегува на сметка на оваа глупава вага“.

Најпознато сценарио

Поедини мажи, свесни какво хорор сценарио може да ги очекува на Денот на жената, ќе се определат за најпознатото и небезболното. Веднаш по станувањето ќе ја отворат кафената, која потоа и ќе ја затворат, знаејќи дека по доаѓањето дома ќе ги слушнат веќе познатите и напамет научени реченици: „Срам те било, цел ден се кафанчиш, па како не се сети да ме викнеш на пијачка или барем да ми купиш некој црвен, свенат каранфил. Знаеш дека беше 8-март, а цел ден поминав во кујна правејќи колачи“.

Но помеѓу разните сценарија, погоре  наведените и веќе познати, мажот се одлучил за оној во кој најдобро се снаоѓа, бидејќи утре е 9-март кој апсолутно нема никаква врска со жените и рамноправноста на половите.

Иако, на кој му е гајле за еднаквоста во оваа држава, а посебно таа што се одбележува еден ден во годината, со исклучок на предизборни кампањи, кога на сите звона се ѕвони за тој чуден збор, па сега слушаме дека селјаците се земјоделци, педерите хомосексуалци, а жените во сите сфери се рамноправни со мажите.

Денот на жената се претвори во трка за купување на некакви подароци, така да треба да го прогласиме за Денот на џентлмените. А поради што прославуваме одреден Ден, како и поради што настанал, колку луѓе го изгубиле животот за да ние денес постоиме, ќе го прашаме Гугл, бидејќи велат дека „е од женски род, бидејќи ги знае одговорите на сите прашања, има безброј сугестии и поправки...“

И.Р