28 Април, 2024
0.0258

„A1 Academy“ го отвара пријавувањето за модулот Бизнис аналитика

Објавено во: Мои пари 20 Март, 2024

Добивај вести на Viber

А1 Македонија најавува нов повик за бесплатната Академија за дигитални вештини, „A1 Academy” и од денеска до 03.04.2024 г. ја отвора можноста за пријавување на модулот – Бизнис аналитика.

“Академијата за Бизнис Аналитика нуди иновативен и современ пристап кон решавање на традиционалните бизнис предизвици, а воедно и совладување на модерните и актуелни бизнис проблематики што произлегуваат од технолошки напредниот 21ви век. Целта на оваа програма е да се објаснат најновите методи и практики кои се повеќе се употребууваат во сферата на бизнис аналитика и оперативниот менаџмент на младите и заедницата за реално практикување на дигиталните вештини неопходни за современ и модерен живот. Повторно очекуваме голем одзив и подготвени сме да ги споделиме знаењата со младите луѓе на кои им е потребно детално познавање на модерните тематики” - изјави Елена Димовска, раководителка на одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Сите млади на возраст од 18 до 25 години што сакаат да бидат дел од целосно бесплатната „A1 Academy” и модулот – Бизнис-аналитика, потребно е да пополнат апликација, достапна на следниот линк. Сите пристигнати апликации ќе бидат детално разработени, а селекцијата ќе биде направена врз основа на мотивациско писмо, желбата и мотивот на кандидатите. Курсот започнува на 9април 2024 година.

По завршување на секој модул од Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

Академијата е продолжување на активностите на А1 Македонија во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“.

Сите информации за академијата можете да ги најдете на официјалната веб страница на линкот.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг