ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници
Објавено во: Економија 26 Април, 2024
Русија има потреба од работна сила.
Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работна сила. Информацијата денеска ја соопшти гувернерката на Банка на Русија, Елвира Набиулина. Таа додаде дека истражувањето е спроведено во околу 15.000 руски фабрики.
„На пазарот на трудот влијаат и други долгорочни трендови, особено демографски, додека продуктивноста на трудот заостанува зад растот на платите“, вели Набиулина.
Намалувањето на инфлацијата во Русија на посакуваните 4 отсто бара рестриктивната монетарна политика да се одржува подолго од првично планираното. И многу западни земји имаат потреба од работници.
фото принтскрин