28 Април, 2024
0.0617

А1 со атрактивна новогодишна промоција

Објавено во: Мои пари 27 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

А1 Македонија ја започнува најубавата новогодишна приказна и со задоволство ја најавува новогодишната промоција со која на своите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2020 година со многу интернет, нови смарт телефони и ТВ уреди по најповолни цени! Сега, сите нови и постоечки корисници кои ќе склучат нов или ќего обноват договорот на 24 месеци на тарифите A1 Neo M и A1 Neon, ќе имаат можност да добијат вкупно 20GB мобилен интернет со активирање на дополнителниот интернет пакет преку апликацијата Мојот А1, кој потоа може да го користат секој месец.

„Брендот A1 го градиме како силен, модерен, отворен и креативен бренд со кој создаваме нови приказни и отвораме нови светови. На корисниците им овозможуваме заедно да ги креираме искуствата според нивните потреби, што ќе придонесе и за поквалитетен начин на живеење во дигиталното време. Со новата промоција ја потврдуваме нашата визија, а тоа епоттикнување на дигиталниот начин на живот, да нудиме одлично корисничко искуство, најсовремени дигитални решенија, стабилен квалитет и поголема вредност за нашите корисници” - изјави Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

Затоа што празниците се за дарување, овие празници постпејд корисницитеможат дадобијат 2 смартфони по цена од 1 и тоа Motorola One Macro и Motorola E6 Plus, за само 399 ден./месечно со A1 Neo M и A1 Neon.


„Прилагодувајќи се на новите навики и потреби на корисниците, со новогодишната понуда овозможуваме уште повеќе интернет и повеќе забава. Со цел да придонесеме за уште поопуштена празнична атмосфера, подготвивме уште едно изненадување. Корисниците на А1 Combo добиваат интерактивна телевизија, интернет и мобилна линија за само 1299 ден./месечно и тоа без обврзувачки договор. Дополнително, имаат можност да изберат смарт андроид телевизор на 48 месечни рати, а преку апликацијата Мојот А1 ќе можат да изберат еден од трите дополнителни пакети (HBO, Digitalb или Pink) кој ќе може да го користат бесплатно во период од 3 месеци. Веруваме дека најновата промоција на А1 ќе придонесе за многу забава во семејствата на корисниците и сето тоа по најповолни услови“ – изјави Елена Панова, Директор на продажба и маркетинг за приватни корисници во А1 Македонија.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.A1.mk и во Центарот за грижа за корисници 077 1234.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг