02 Мај, 2024
0.0256

АД НЕР ги чува парите на Владата за Макпетрол уште од 2019

Објавено во: Економија 29 Декември, 2020

Добивај вести на Viber


Национални енергетски ресурси, акционерското друштво во државна сопственост, кое го гради гасоводот и треба да го превземе во иднина ГА-МА АД Скопје, операторот кој го одржува системот за пренос на рускиот гас кој доаѓа од Деве Баир, ги чува парите кои треба да му се дадат на „Макпетрол“ за откуп на неговиот удел уште од 2019 година.

Собранието синоќа со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без воздражни го донесе Законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол по пат на спогодба по повеќе од 12 години од спорот

Владата не успеа, како што планираше, до крајот на 2019 година да ја направи државата 100-отстотен сопственик на целиот гасоводен систем, но префрли 32 милиони евра од државниот буџет за таа намена на сметката на АД НЕР.

Наместо парите да завршат кај приватниот ко-сопственик на транспортерот на природен гас во Македонија, ГА-МА АД, тие привремено како позајмица се најдоа на сметката на Национални енергетски ресурси, државното претпријатие кое го гради гасоводот низ земјата.

Ваквото ослободување на средствата беше неопходно поради завршувањето на годината, а при тоа уште во септември минатата година со ребалансот на Буџетот овие пари беа проектирани за купување на „приватниот“ дел на ГА-МА АД.

Согласноста помеѓу Владата и „Макпетрол“ беше постигната со поддршка од Енергетската заедница.



Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?