02 Мај, 2024
0.0264

„Аџибадем Систина“ со работилница во ФФМ: Грижата за машкото здравје мора да е постојана

Објавено во: Мои пари 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Тим доктори од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја одржа во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) првата од низата предвидени работилници кои овој ноември ќе бидат одржани во домашни институции и компании. Во месецот кој е посветен на машкото здравје, низ дебата, отворања на дилемите и презентација на фактите предвидено е да се потенцираат ризиците за евентуалните заболувања кои ја погодуваат најмногу машката популација.

Оваа активност е продолжение на кампањата „Возврати силно“, која почна во октомври, а кога специјалисти од „Аџибадем Систина“ одржаа работилници кои во месецот што е за борба против ракот на дојка беа посветени на женското здравје.


На работилницата во ФФМ беа присутни членови на Академијата на Фудбалската федерација, вработени во федерацијата и активни фудбалери. Низ дебата тимот доктори од „Аџибадем Систина“ зборуваше за потребата од превентивни прегледи и самопрегледи кои секој маж треба да ги прави во текот на годината. На работилницата присуствуваа д-р Андреј Петров, дерматолог, д-р Жарко Христовски, кардиолог, и д-р Даниел Петровски, уролог.

Кои кардиолошки проблеми може да ги има машката популација, колку е важно да се прават прегледи, но и како да се прават самопрегледи на тестисите заради превенција од појавата на ракот на тестисите, болест која погодува често и млада популација, беа дел од темите што се отворија. Во време кога расте бројот на заболени од рак на простата на работилницата се зборуваше и за ризиците од оваа болест, но и кожните промени на телото кои можат да бидат знак и за сериозно заболување.

Како општествено одговорна компанија, „Аџибадем Систина“ на ваков начин дава придонес за јакнење на јавната свест за сериозните заболувања кои во одредена ризична возрасна група се појавуваат кај мажите.

Ноември е месец во кој мажите со пуштање мустаќи ја обележуваат важноста од свесноста за здравјето. Сепак и низ овие работилници се потенцира дека грижата за себе не треба да е само во текот на овој месец туку постојано.

„Аџибадем Систина“ ќе продолжи со вакви работилници во текот на целиот месец.


Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор