03 Мај, 2024
0.0309

АФЕРА ПАНАМСКИ ДОКУМЕНТИ ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ КАКО АТОМСКА БОМБА: Паднаа првите апсења

Објавено во: Свет 05 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Американското федерално обвинителство соопшти дека се подигнати обвиненија против четири лица обвинети за вмешаност во меѓународна финансиска измама, позната како „Панамски документи“.

Како се наведува тоа се првите обвиненија покренати во САД за тој скандал, и во нив во 11 точки се наведуваат обвиненија за завера, измама, избегнување данок и перење пари.

Обвинети се двајца германски државјани, еден Американец, како и еден државјанин на Панама.

Тројца од нив се уапсени. Харал Јоаким фон дер Голц, кој беше клиент од панамската адвокатска куќа „Мосак Фонсека“, е уапсен во понеделникот во Лондон, Дирк Брауер, службеник во компанијата која беше поврзана за таа адвокатска фирма, е уапсен во Париз на 15 ноември , а Ричард Гефи, сметководител со седиште во САД, е уапсен во вторникот во државата Масачусетс.

Обвинителството наведува дека адвокатската куќа „Мосак Фонсека“ стои зад заверата со цел да се заобиколат американските даночни закони.

Таа шема на измами траела со децении и обфаќала лажни фондации и компании во Панама, Хонг Конг и на Британските Девствени Острови, како би се сокриле сметките од американските даночни служби.

Четрвтиот обвинет, Рамсес Овенс, бил правник во „Мосак Фонсека“ и уште е на слобода.

Најсериозни точки на обвинение носат можност за затворски казни од 20 години.

„Панамските документи“, колекција од преку 11 милиони тајни финансиски извештаи, претставуваат илустрација како некои од најбогатите луѓе на светот ги криеле парите, и избегнувале плаќање данок.

Нив прв ги објави „Зидојче цајтунг во 2015 та година, кои ги добил од анонимен извор од  „Мосак Фонсека“, а потоа делови од извештајот објавил печатот ширум светот.



Foto: Profimedia


Можеби ќе ве интересира

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

„НЕ Е ИСКЛУЧЕНО, ЈА ЗНАЕМЕ ОПАСНОСТА“ - на ТикТок му се заканува забрана за работа и во Европа

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

ЗАЧЕСТИЈА „ПРИКАЗНИТЕ“ ЗА КЕЈТ И ВИЛЈАМ: „Не ја поднесува добро хемотерапија, принцот нема да остане долго со неа“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

БУРА НА ЗАПАДОТ - Германија ја обвини Русија за сајбер напади: „Тие се контролирани од тајната служба“

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЦЕНИ: Камион влета во топла народ, возачот не кренал рачна, прегазени 29 ученици (ВИДЕО)