03 Мај, 2024
0.9031

Ахмети ја пролонгира кризата според Богоевски, а Османи контрира дека ДУИ не исполнува агенди на македонски партии

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Пратениците Павле Богоевски и Бујар Османи фрлија искри меѓу СДСМ и ДУИ со своите пораки наменети за јавноста.

Според Богоевски, Ахмети со мудрувањето придонесува за пролонгирање на политичката криза наместо да преземе одговорност и да се докаже дека е за враќање на демократијата во Македонија. 

- Дали знае Ахмети дека со секој ден на мудрување, тој ја пролонгира кризата во земјава, дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на ДУИ од евентуален прогон од СЈО, дека со секоја изгубена секунда, тој губи и гласови? Меѓу останатите, Богоевски праша и дали знае Ахмети дека единствената причина зошто тој сега е во центарот на вниманието е дека на Македонија и се ужасно потребни пратениците од ДУИ, а не дека некој верува во неговите демократски капацитети. Богоевски на својот ФБ профил напиша и дека дека ова е период кога Ахмети треба да моли за нова шанса, а не тие него за помош.

Бујар Османи во негово име возврати дека ДУИ има своја агенда.  

- Главна грешка на експонентите на македонските партии е тоа што тие политиката на ДУИ ја оценуваат врз призмата на нивните партиски интереси во нивната борба за власт. ДУИ не е НА македонската политичка сцена за да ги исполни агендите на некоја македонска партија туку за реализација на аманетот на паднатите борци од 2001 година и гаранцијата на западот во форма на рамковен охридски договор, тоа е единствениот патоказ на нашата политика а не калкулациите не македонските партии за власт, изјави Бујар Османи.

Според последните информации СДСМ веќе ги подготвиле писмените материјали кои ќе му бидат доставени на ДУИ, но можно е Ахмети да излезе со нови барања за заедничката платформа на новата влада со што преговарачкиот процес навистина би бил загрозен. 

Со тоа ќе се изрази намерата на ДУИ да игра двојна игра и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ се со цел да го набилда својот рејтинг како единствен гарант на албанските интереси во Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ