27 Април, 2024
0.0376

Ахмети не се „дава“ лесно, платформата неизбежна - Се е можно за коалиција, па дури и нови избори

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Али Ахмети прави се за да ја увери јавноста, но пред се својата партија и следбениците од албанскиот блок, дека тој е клучниот фактор за формирање на новата влада. 

Во интервјуто за Клик Плус на ТВ 21 не даде конкретен одговор дали ќе коалицира со Груевски, туку само посочи дека сега се уште е рано партијата да дава конечни ставови се додека постојат повеќе опции во игра, па дури и одржување на нови избори. 

Тоа доаѓа од поставеноста на силите во парламентот, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се речиси изедначени и без оглед кој и да формира влада таа ќе биде нестабилна и нема да може да функционира непречено на долг рок. 

Ахмети продолжи во сличен манир велејќи дека нема да прифати партнер кој ќе сака да започне или испровоцира војна меѓу двете најголеми заедници во Македонија. Тој и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ им порача дека сега мора да ги стават на прво место државните, а не партиските интереси и да се избегне состојба во која политичката криза и понатаму ќе ескалира. 

Според Ахмети засега за ДУИ нема идеален коалиционен партнер, тие како партија во власта во последните две години исто така ја платија цената, а тоа им се одрази и на бројот на мандати на овие избори кој е сведен само на 10. Затоа Ахмети вели дека Груевски и Заев, особено за време на преговорите во Пржино и во други важни ситуации, знаеле сами да се повлечат и да настапат со заеднички став. 

Сепак, клуч за понатамошно делување ќе биде заедничката платформа која ДУИ ја донесе заедно со БЕСА и Алијанса на Албанците, каде особено влијаеа Приштина и Тирана да дојде до договор. Сега, барањата ќе бидат ставени најпрво пред ВМРО-ДПМНЕ и мора тие да се прифатат и имплементираат, во спротивно ДУИ нема да прави отстапки, па токму затоа можни се и нови избори. 

Преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе ги водат директно двајцата лидери Груевски и Ахмети. Тука мора да се почитува принципот победникот од македонскиот блок да владее со победникот од албанскиот блок, но мора да се почитуваат и интересите на Албанците. 

Во делот од интервјуто посветен на СДСМ, Ахмети вели дека тие се партија со помал политички капацитет и со нив не е гарантирана безбедноста на државата, што исто така нема да биде полезно за државата. 

Целото интервју на Клик Плус со Али Ахмети на ТВ 21 погледнето го во продолжение.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“