ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори
Објавено во: Македонија 26 Април, 2024
КОВАЧЕВСКИ ТВРДИ ДЕКА НЕ СЕ СПРЕМА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ
Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека не повикувaaт на бојкот, туку на масовно гласање за претседател и нов парламент.
Ковачевски ги повика сите граѓани масовно да излезат на гласање на 8 мај за вториот круг претседателски и за парламентарните избори и негира дека СДСМ и ДУИ договараат бојкот на изборите.
ПОВТОРНО ПРОБЛЕМИ НА ТОКСИКОЛОГИЈА
Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.
Тој кажа дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.
„Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не“, изјави Демири.
ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ПОРАЧА ДЕКА НЕ СМЕАТ ДА СЕ ОТКАЖАТПо завршувањето на првиот круг од претседателските избори кога кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ освои убедливо повеќе гласови од кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку фејсбук испрати порака дека неговата партија не смее да се откаже.
„Не ни личи нам од СДСМ да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да го срушиме режимот.
Одговорноста на СДСМ е дотолку поглема да направиме се’ да не ги разочараме идеалите и да не ги напуштиме идеалите на нашите предци, оние кои се вградени во темелите на современата македонска држава. И, точно е дека оваа држава е создадена на телемите на Народноослободителната борба и на борбата на партизаните, и тоа никогаш не смее да го заборавиме и никој никогаш нема да биде поголем чувар од СДСМ за овие вредности.ЧИТАЈТЕ УШТЕ