АЈДЕ НАРОДЕ НА ПОЕВТИНИ ГОРИВА: Еве за колку се намалуваат цените на бензините и на дизелот
Објавено во: Економија 02 Ноември, 2020
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95 отсто.
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,107 ден/кг и ќе изнесува 25,831 ден/кг.
Од 3.11.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 58,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 60,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 49,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 49,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,831 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтните цени на светските берзи бележат намалување:кај бензинот за 7,942%,дизелотза 6,299%, екстра лесното масло за6,930 % и кај мазутот намалувањето е 6,467%.
Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисокза 0,181%.
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 3.11.2020 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, објаснуваат од регулаторната комисија за енергетика.