02 Мај, 2024
0.0240

Ако сакате да чувате деца, одете во оваа земја – Најплатено е!

Објавено во: Стил 05 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Чувањето на деца во Европа е најскапо во Швајцарија, потоа во Велика Британија, додека Франција е на трето место. Бебиситерките се убедливо најплатени во Швајцарија каде нивната нето заработувачка по час во просел измесува 14,93 евра, се наведува во студија на француските агенции специјализирани за оваа област Yoopies.

На второ место а по големината на заработката во Европа се наоѓаат британските бебиситерки со просечна нето плата по час од 13,5 евра. На трето место по нето час за чување деца е Франција каде изнесува 8,65 евра. Во Франција има регистрирани 250.000 бебистерки.

Белгија е на четврто место и заработката е од 8,44 евра, додека првата економија во ЕУ Германија е на пето место со нето плата за бебистерки по час од 8,26 евра.

На шесто место е Австрија со 8,18 евра, потоа следи Италија со 7,92 евра, па Шпанија со 7,66 евра.

На девето место е Холандија каде бебиситерките се платени по час од 7,44 евра, а на десето место се најде Португаија со 6,68 евра.