Добивај вести на Viber
Пред некој ден Ворен Бафет го објави неговото писмо до акционерите не Беркшир, секако истото е достапно и може да го
прочита и секој од Вас
Кликнете и ќе видите каква интернет страница има компанијата која генерира милијарди, но овој текст не е за писмото на Ворен, туку за неговите акции. Еве што правеше најголемиот инвеститор минатата година. Ова се најкарактеристичните холдинзи на неговата компанија:
1.Џенерал Моторс:
Во изминатата година Бафет купи 67% повеќе акции во овој гигант. 1,6% од компанијата е во раце на Бафет. Акциите имаат вкупна вредност од 690 милиони долари
2.Вашингтон Пост:
Љубител на весници, веќе поодамна има удел во Вашингтон Пост и тоа скоро 24%. 706 милиони долари е вредноста на овој холдинг.
3.Вал Март:
Најголемата продавница во светот. Бафет има акции вредни 3,4 милијарди долари, и поседува 1,4% од Вол Март.
4.Проктер и Гембл:
Вкупно 52 милиони акции, и скоро 2% удел во оваа компанија. Вкупна вредност од 4,1 милијарди долари
5.Американ Експрес:
Доста високи 13,6% поседува Бафет во овој банкарски гигант. 151 милион акции, кои вредат скоро 10 милијарди евра.
6.ИБМ:
Огромни 68 милиони акции поседува Бафет во овој компјутерски гигант. Вкупно поседува 6% од компанијата и има докупени 600.000 нови акции
7.КОКА КОЛА:
Легенардниот холдинг на Бафет, вкупно 400 милиони акции. 9% од секој долар за потрошен за Кока Кола оди кај Бафет (толку поседува од компанијата).
Редакција Фактор