08 Мај, 2024
0.0216

Аларм со мирис на кафе и саксија што сама полева цвеќе

Објавено во: Стил 17 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Различни изуми го унапредуваат и олеснуваат нашето секојдневие.

Создаден е аларм со сензор кој испушта различни мириси, па така можете да се разбудите со мирис на кафе, кроасан, тост, праска, море, дури и мирис на долар.

Креирана е и саксија која сама го полева цвеќето, така што во неа има керамички сад кој собира до два литри вода. Оваа саксија располага со информации за 7000 билки, и за секоја од нив знае колку е „жедна“ и колку вода и е потребна.

Меѓу интересните иновации спаѓа и фрижидер кој сам нарачува храна. На вратата се наоѓа екран преку кој можете да направите листа на намирници и да ги нарачате од продавница. За секој случај во фрижидерот има вградени три камери преку кои можете да видите дали одредена намирница недостига.