19 Мај, 2024
0.0287

Државно претпријатие направи добивка од 100 милиони евра и ја зголеми просечната плата за 100 евра

Објавено во: Економија 07 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое од лани ја организира изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10д со изведувачот „Бехтел и Енка“, на крајот од минатата година оствари добивка од речиси 100 милиони евра.

Ова е рекордна добивка на ова државно претпријатие, а најверојатно ќе биде најголема за 2023 во однос на сите останати производни друштва, банки и компании за услуги во земјата. ЈПДП во 2023 има приходи од точно 12.844.555.965 денари, или поточно 210 милиони евра. Од овие собрани средства, речиси половина останале како профит - 5.906.427.172 денари, или околу 96 милиони евра.

Добивката на „Државни патишта“ е за 40 милиони евра поголема од 2022, кога таа изнесуваше 56 милиони. Во 2021 таа изнесувала околу 24 милиони евра. За 2020 пак претпријатието оствари огромна добивка од околу 76 милиони евра. Од јавното претпријатие досега немало јавен отчет зошто акумулира вака големи добивки и како ги распоредува.

Добриот резултат во билансот се почувстувал и во нето платите. На крајот на 2023 за 362 вработени имало 46.000 денари просечна нето плата, која била зголемена за 6.000 денари за една година. За две години таа е зголемена за 9.000 денари.

Друштвото кое остварува приходи генерално од патарини, акцизи на гориво, провизии од регистрации и евентуално државни субвенции, најголемиот дел од трошоците го насочува за враќање на ратите и каматите од кредитите од меѓународните кредитни институции кои ја финансираат изградбата на македонските патишта. Во делокругот на работата е и изградбата, реконструкција и рехабилитирање на магистралните и регионални патишта, а дел од приходите се наменети за нивно одржување преку исплата на јавното претпријатие порано познато како „Македонија пат“.

Инаку ЈПДП со своите приходи и евентуална добивка не ја покрива работата на конзорциумот „Бехтел и Енка“, чии првично проценети трошоци ќе изнесуваат 1,3 милијарди евра, туку парите се директно обезбедувани од националниот буџет.

Лани единствено странскиот инвеститор од Бунарџик, „Џонсон Мети“ (72,7 милиони евра), оствари поголема добивка од ЈПДП за 2022. 

За 2023, единствено познат приход, според она што го кажа директорот Ејуп Рустеми во јавноста, е дека се собрани рекордни над 62 милиони евра од наплата на патарина.

За истакнување е и тоа што рапидно се зголемиле краткорочните обврски за враќање на основиците и каматите од меѓународните кредити. За кратко време „Државни патишта“ треба да врати 10 милијарди денари, односно повеќе од 160 милиони евра.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?