АЛАРМАНТНО: Во Италија починаа 107 луѓе од коронавирус
Објавено во: Свет 04 Март, 2020
Како последица на коронавирус починаа 107 луѓе во Италија. Властите ги објавија овие податоци вечерва.
Во изминатите 24 часа починаа 28 лица, а во земјата се идентификувани 587 нови случаи.
Бројот на заразени е 3.089, со што Италија е трета во светот по заболени од новиот коронавирус по Кина и Јужна Кореја.
Сите училишта и универзитети во Италија ќе бидат затворени до средината на март. Ова го објавија властите на Ботуша.