02 Мај, 2024
0.0242

Албанија тоне - јавниот долг скоро 100 отсто од БДП

Објавено во: Економија 07 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Соседна Албанија тоне во долгови. 

Јавниот долг се приближува кон 100 отсто од БДП. 

Претседателот на Конфиндустрија, Ѓерѓ Буџуку во интервју за Ора њуз телевизија изјави дека јавниот долг на земјата изнесува 82 отсто од Бруто домашниот производ и наближува до 100 отсто, доколку се земат в предвид сите други обврски.

„Но, ако се разгледаат и обврските кон трети лица, како што се плаќања кон бизнисите, кон граѓаните, обврски од меѓународни арбитражи и пред се обврски кон концесии што ги има државата со бизниси на кои им се дадени преку јавно приватно партнерство, мислам дека сме на граница од 100 отсто“, вели Буџуку.

Додаде дека ова е огромен товар за непродуктивната економија.  Буџуку со оценка дека главниот проблем поради кој албанската економија е непродуктивна е недостигот на конкуренција и „зграпчувањето на пазарите во една, две или три раце, монопол или олигопол пазари”. Тој објаснува дека албанската економија била во лоша состојба и пред да биде погодена од кризата предизвикана од катастрофалниот земјотрес и пандемијата.

Албанската Конфиндустрија на почетокот на јули изрази загриженост во врска со порастот на јавниот долг на земјата и предупредува дека до крајот на годинава постои опасност да надмине 100 проценти од бруто домашниот производ (БДП). 

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?