Ало Министре - Таравари ќе комуницира со граѓаните преку пораки
Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2017
По проектот Ало Докторе, се воведува и Ало Министре. Новиот министер за здравство Арбен Таравари најави нова директна телефонска линија на која граѓаните преку пораки на Viber или WhatsApp ќе може да комуницираат со него за сите своите проблеми, идеи или предлози.
Почнувајќи од денес, функционира телефонската линија 071/349-999 на која граѓаните преку електронска порака може да се обратат до министерот Таравари.
– Целта на #ЗдравоТаравари е лично да ги слушнам мислењата и искуствата на граѓаните од здравствениот систем, и заеднички да ја смениме перцепцијата за нашето здравство, изјави министерот.
Како што е споменато погоре, комуникацијата со министерот Таравари ќе се одвива единствено со електронски пораки преку Viber и Whatsapp, кои може да ги испрати секој граѓанин на телефонскиот број 071/349-999.