05 Мај, 2024
0.0261

Алтернатива: Нашиот директор на Идризово го откри тунелот, но за жал го разрешија

Објавено во: Македонија 22 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Од политичката партија Алтернатива, доскорешниот коалиционен партнер на СДСМ и ДУИ во власта, денеска соопшти дека нивниот кадар: Шпенд Тахири како директор на затворот Идризово го открил подземниот тунел од 40 метри и обидот за бегство.

Во меѓувреме, Владата вчера соопшти дека Тахири се разрешува откако Алтернатива повеќе не дел од владеачкото мнозинство, и на негово место се поставува мајорот Зоран Јовановски.

„Вчерашната акција во затворот во Идризово, што резултираше со откривање
на еден тунел кој бил ископан долго време за бегство на затворениците, е
токму резултат на ангажманот на директорот на Алтернатива таму, Шпенд
Тахири. Затоа, да се каже дека директорот на затворот Идризово е сменет
како казна не само што е недолично, туку е и неблагодарно кон човекот
кој до последниот ден на својата работа работел без ниту една афера и
без ниту едно обвинение од никого за неговата коректна работа. За жал,
повеќе благодарни за неговата работа се нашите меѓународни пријатели
отколку нашите државни институции“, реагира Алтернатива.

Според партијата, откривањето на тунелот е круна на успехот на разрешениот Тахири. Акцијата се подготвувала подолго време и ќе биде запишана како историски успех на директорот на затворот во Идризово, додаваат од таму и велат дека во овој случај ДУИ и СДСМ се политички губитници.

„За жал, Министерството за внатрешни работи се кити со туѓи перја – сака
да придобие од работата на некого кој и со жртвување на својот и животот
на своето семејство работел достоинствено и со најголема професионална
совест во институција која можеби е најтешка за менаџирање во државата.
За информација на јавноста, Шпенд Тахири е сменет само заради тоа што
бил кадар на Алтернатива. Но, се чини, дека нарцисите од династијата на
ДУИ и недостојните за договори од СДСМ, очигледно се алергични на
критики.
Но, сакаме да потсетиме дека Шпенд не е виновен што овие две партии ги
уживаат последните денови на својата власт и ова состојба на паника ги
тера да реагираат на штета на државните интереси. Веќе видено очајно
сценарио на политички губитници“, додаваат од таму.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ОГЛАСИ И ИВАНОВ: Им честиташе на граѓаните

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

ЈАНАКИ РАСПАЛИ ЗА АПАСИЕВ И ВАНКОВСКА: Гога во 2019 им беше супер, денес не им чини, а Ванковска ја плука на најдолен начин - дојде време да се враќа долгот

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

СЕ АКТИВИРАШЕ И АНГЕЛОВ, ОТКАКО СРБИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА ДЕКА НЕКОЈ ИМ КРШИ ШОФЕРШАЈБНИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пратете попорецизна локација“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

НИКАНА.ГР: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СИТЕ ШТО ПАТУВААТ ОД ГРЦИЈА: „Некој врзал камен за мост во Македонија, возачите ги кршат шофершајбните“

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ФИЛИПЧЕ И БОЧВАРСКИ СЕ ПРОВОЗЕА НА НОВИОТ ПАТ ГРАДСКО-ПРИЛЕП: „Изгледа одлично“, објави Филипче

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ВЕЧЕРВА: Ќе биде студено, но нема да врне

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

МИЛОШОСКИ СИ ЈА НАСЛАДИ ДУШАТА: Јадеше еклер во една струмичка слаткарница

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава