27 Април, 2024
0.0300

Аманатидис: ПЈРМ треба да го напушти иредентизмот кој создаваше чувства на страв кон Грција

Објавено во: Македонија, Балкан 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

ПЈРМ треба да го напушти иредентизмот, кој, како државна идеологија, кај генерации создаваше чувства на страв кон Грција, изјави грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис на научниот симпозиум што се одржува во Солун на тема „Македонија низ вековите, историски факти и современи предизвици“.

Додава дека Грција ги почитува правилата на меѓународното право и одлуките на меѓународните организации како што се ОН, и ги брани своите национални интереси во овој контекст. 

Тој го повтори ставот на официјална Атина дека „Грција сака стабилност и одржување на кохезијата на земјата и беше единствена која не се вмеша во внатрешните работи за време на неодамнешната криза“.

„Сепак и ПЈРМ треба да го напушти иредентизмот, кој, како државна идеологија, кај генерации создаваше чувства на страв кон Грција. Решавањето на проблемите првенствено зависи од развојот на културата на компромис и консензус од страна на нашите соседи во Скопје“ - вели Аманатидис. 

Тој додаде дека европските лидери треба да ја охрабрат македонската власт да го спроведува тој концепт, „а не како што правеа со владата на Груевски што доведе до нетолеранција“.

Вели дека новата влада не треба да остане отворена само на комуникациско ниво, туку и да бара начини да отвори процес за изнаоѓање решение.  Аманатидис вели дека Грција сака регионална стабилност и бара билатерална соработка.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“