03 Мај, 2024
0.0319

АНАЛИЗА – Што е на ред во Европа?

Објавено во: Анализа 12 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

За разлика од САД, Европа се мачи да излезе од криза. Таква е состојбата во земјите од централна Европа. Паоло Манасе професор по макроекономика и меѓународна економска политика на универзитетот во Болоња и Изабела Рода Балдини, редкациски координатор на Link Tank истражуваат зошто процесот на конвергенција во еврозоната го забави своето темпо. Објавени на  voxeu.org, тие го привлекоа вниманието со своите предлози како европските институции да се справат со структурните проблеми, со индивидуалните реформи кои секоја земја треба да ги изврши и со федералниот буџет. Во спротивен случај велат тие алтернативата може да биде распад на еврозоната. САД и Европа: приказна за два града Додека закрепнувањето на економијата е добро зацртана во САД со раст кој достигна 2,5% и намалување на невработеноста, економијата на еврозоната се уште страда. Зошто? И зошто некои европски држави настрадаа повеќе од други за време на кризата? Одговорите на овие прашања се врзани. Кризата го забави процесот на конвергенција помеѓу земјите во Европа, поставувајки ги на преден план неразрешените структурни проблеми. Во некои од земјите непроменетите цени во периферијата и работните исплати го зголемија воздигнувањето на рецесијата, предизвикано од шокови во побарувачката, зголеменото кредитирање и буџетските консолидации. Како резултат на тоа кризата ја откри неспосбноста на ново-старите европски институции да се справт со општите но и со специфичните шокови. БДП по глава на жител Би било од полза да се изедначи тенденцијата во измените на реланиот БДП по глава на жител во САД и во еврозоната. От 2007-2008 се забележува намалување на средните реаални приходи и во двата региони. Последиците од кризата во САД се поголеми. Намалувањето на реалните приходи, по глава на жител е со 2459 долари или пад од 6% во споредба со падот од 1200 евра или 4,7% во еврозоната. И покрај тоа во 2012г срендиот реален приход во САД ги врати пред кризните состојби додека во Европа тие се на 2,5 проценти под нив. За да разбереме зошто е тоа така, треба да ја погледнеме поделбата на податоците по земји. Најбогатата држава во САД, што се однесува до БДП е федералниот округ Колумбија, а најлош Мисисипи. Во Европа тоа се државите Луксембург и Естонија. Од графиката на авторите станува јасно дека внатрешните разлики се многу поголеми во еврозоната отколку во САД. Помеѓу 2000та и 2012г реалниот приход по глава на жител на најбогатата земја е пет пати по голем од тој на најлошата. Во еврозоната тој однос е 8,6 наспрема 1. Податоците за невработеноста го потврдуваат тој пример. Во годините на криза во Луксембург и во Естонија таа се покачи. И покрај тоа невработеноста во САД опаѓа од 2010г, додека во Европа таа продолжува да расте. Во 2012г разликата помеѓу државата со најниската невработеност Австрија(4,3%) и со највисоката Шпанија(25%) буквално скокна до небо. Според стандардниот модел на економски раст помалку развиените земји би требало да растата по брзо од богатите. Тоа е така затоа што капиталот  во тие земји  изедначен со работната сила е оскуден и поради тоа е по продуктивен. Следствено на тоа секој би очекувал дека полошите држави да инвестираат повеќе бидејки на тој начин возвраќањето на капиталот е повисок. Тој процес на конвергенција никна во Европа помеѓу 2000 и 20007г иако во последните години тој го забави процесот. Во САД врската помеѓу растот и праволинискиот размер на приходот е многу по збунувачки и статистички не значаен. Производство Државите кои пред 2008г имале низок стимул за раст на производството се тие кои страдаат повеќе во периодот на кризата. Државите чие што производтсво се покачило малку пред кризата се тие во кои средниот БДП по глава на жител расте помалку  во периодот на криза. Се разбира дека има и исклучоци. Прераспределба во Европа и САД Недостатокот на соодветен федерален буџет за Европа не само што не допушти макроекономските политики на земјите од еврозоната да им пркосат на "општите" шокови како светската рецесија, на пример, но и не го  допушти спроведувањето на ефикасен систем за осигурување врз основа на трансферите меѓу земјите, со цел да возврати на специфичните за секоја земја шокови како што е на пример банкарската криза во Ирска и Шпанија. Италија - најголем нето увозник што се однесува до нејзиниот бруто домашен производ - увезува 0,38% од својот БДП во приходот на европскиот буџет. Унгарија пак од буџетот на Европа, добива трансфери, еднакви на 4,67% од БДП. Сепак износот на  трансфер шемата  во САД е дури со поголем интензитет. Посиромашните држави како Западна Вирџинија, Мисисипи и Њу Мексико во периодот 1990-2009 година добиле трансфери помеѓу 244% и 261% од нивниот БДП во 2009 година, а богатите држави како Њу Џерси, Делавер и Минесота допринеле со 150% и 206% од својот БДП во 2009 година. Заклучоци Кризата ја забави брзината на процесот на приближување меѓу европските економии. Тоа се случи, бидејќи ефектите од шоковите на побарувачката се засилија од веќе постоечките структурни проблеми од страна на понудата на пазарите на стоки, труд и кредит. Кризата исто така ја стави на дневен ред несоодветноста на европските институции и ги покажа грешките на нивните намери. За разлика од САД интегритетот на еврозоната на крајот  сепак зависи од политичката волја на секоја земја членка. Тоа ја  прави еврозоната суштински ранлива на шпекулации. Патот кој  ја води еврозоната кон ризикот од распаѓање, е долг и полн со политички пречки. Бара секоја земја да даде отпочнување на структурните реформи и Европа постепено да создаде свој федерален буџет, осигурување механизам помеѓу земјите и да се воведе забрана за преземање на спасувачки обврски. Последно, но не и најмалку важно, еврозоната мора да се оддалечи од централизираниот систем на неефективни и агресивни правила. Оваа цел вреди да биде следена откако алтернативата - распадот на еврозоната - е прилично обесхрабрувачки. Придобивките од слободното движење на стоки, луѓе и инвестиции - факторите кои ја прават економијата на САД толку силна - можат да бидат изложени на ризик. K. K.  

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад