fake panerai watches Анализа за EUR/USD
02 Мај, 2024
0.0247

Анализа за EUR/USD

Објавено во: Анализа 02 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за валутниот пар EUR/USD. Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти на овој валутен пар.

Фундаментална Анализа за EUR/USD:

Еврото остана стабилен во однос на доларот, откако податоците кој се објавени вчера покажаа дека фабричкото производство во еврозоната остварила во јуни, подобар резултат од предвиденото. Стапката на невработеност има постигнато помал раст од очекуваниот раст од 12,0% на 12,1%, додека прогнозите очекуваа раст на 12,3%. Во Америка има зголемување на фабричкото производство, но сепак, извештај за индексот за вработување покажа намалувањето на овој индекс под 50 кој раздвои растот од контракцијата за прв пат од септември 2009 година. Овој факт ја зголемуваа тензијата на пазарот пред објавувањето на извештајот на вработувањето надвор од земјоделието во петок. За време на азиското тргување еврото остана непроменето.

Техничка Анализа за EUR/USD:

На едночасовниот графикон, на MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, а додека RSI осцилира и не покажува јасен тренд. Цената осцилира измеѓу средната и горната Bollinger линија, така да е можен и понатамошен раст на цената. Нашата препорака би била Куповна позиција.

Наше видување: Куповна позиција со влез на 1.30600 , со прва цел на 1.30800 и втора цел на 1.31100.

Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.30500, тогаш е можен понатамошен пад до 1.30100.

Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.

Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад