02 Мај, 2024
0.0236

Анализа за валутниот пар EUR/USD

Објавено во: Анализа 04 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви припремивме анализа за валутниот пар EUR/USD.  Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти на овој валутен пар.

Фундаментална Анализа за EUR/USD:

По благо закрепнување, еврото во моментов се движи околу 0,6% од најниската вредност во последните повеќе од месец дена. Во пресрет на ЕЦБ денешниот состанок и неодамнешните изјави на Марио Драги е дека политиката на ЕЦБ ќе остане флексибилна, европската валута е прилично нестабилна. Оставка на двајцата министри на сегашната влада, а потоа и ненадеен скок во раст на референтните десетгодишни обврзници во Португалија уште еднаш предизвика загриженост дека должничката криза во еврозоната би можела повторно да биде влошена. Во центар на последните настани, некои економисти сметаат дека ЕЦБ најверојатно ќе превземе нови чекори за да поттикне закрепнување во еврозоната, која обично се нарекува понатамошно намалување на каматните стапки и воведувањето на негативни каматни стапки на депозитите. За време на азиското тргување на еврото падна 0,11%.

Техничка Анализа за EUR/USD:

На едночасовниот графикон, на MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, а додека RSI не покажува јасен тренд. Цената осцилира околу средната Bollinger линија, така да е можен и понатамошено осцилирање на цената. Нашата препорака би била Продажна позиција.

Наше видување: Продажна позиција со влез на 1.29950, со прва цел на 1.29750 и втора цел на 1.29550.

Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.30000, тогаш е можен понатамошен пад до 1.30400.

Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.

Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.