02 Мај, 2024
0.0246

Еврото во текот на вчерашниот ден нагло порасна во однос на доларот

Објавено во: Анализа 11 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во соработка со FXLider за денес Ви подготвивме анализа за валутниот пар EUR/USD.  Анализата се состои од финдаментални и технички аспекти на овој валутен пар.

Фундаментална Анализа за EUR/USD:

Еврото во текот на вчерашниот ден нагло порасна во однос на доларот по објавувањето на белешки од јунскиот состанок на ФЕД која покажа дека членовите на монетарен комитет сеуште преферираат да ја задржат програмата за монетарени стимуланси и покрај позитивните економски индикатори, кои неодамна беа објавени во Америка. Во Европа, во Грција е повикан генерален штрајк за следната недела а протестите и денеска продолжуваат. Грчката влада има подготвено закон со кој ќе дојде до намалување на илјадници работни места во јавниот сектор, кој беше еден од условите за меѓународна помош. Во Италија трошоците за позајмување продолжија да растат откако е намален кредитниот рејтинг од страна на Standard & Poor. За време на азиското тргување еврото се зголеми 0,82%.

Техничка Анализа за EURUSD:

На едночасовниот графикон, MACD е во прекумерна куповна позиција, а додека RSI осцилира. Откако цената ја проби горната Bollinger линија, поцна да осцилира  така да е можено и понатамошено осцилирање на цената. Нашата препорака би била Продажна позиција.

Наше видување: Продажна позиција со влез на 1.30750, со прва цел на 1.30550 и втора цел на 1.30250.

Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.30850, тогаш е можен понатамошен пад до 1.31250.

Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.

Ова е еден од многуте инструменти со кои можете да тргувате на платформите на FXLider  кој исто така изработува анализи за најтргуваните инструменти на Forex пазарот, како што се EUR/USD, GBP/USD, S&P500, Gold (Злато) и Crude Oil (Нафта). Исто така можете да го погледнете и нашиот таб ИНВЕСТИЦИИ, каде во соработка со FXLider го креиравме финансискиот портал Dalily Invest каде можете да научите многу повеќе за Forex пазарот.