Добивај вести на Viber
Претседателот на Кипар Никос Анастасиадис вети дека никој, па дури ни неговото семејство нема да биде заштитен од истрагата во врска со избивањето на банкарската криза во таа земја.
Претседателот со тоа одговори на тврдењата на кипарскиот печат дека членовите на семејствата на водечките политичари имале пристап до информации кои им помогнале да ги заштитат своите средства од ударот на банкарските депозити, на кој Никозија се согласи во замена за меѓународна финансиска помош.
Анастасијадис наведува дека на комисијата која ќе почне со работа, ќе и биде посебно наредено никого да не исклучи од истрагата, дури ни членовите на неговото семејство.