Анџелина Џоли доаѓа во Гевгелија?
Објавено во: Свет, Стил 13 Декември, 2015
Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) e во моментални преговори со холивудската ѕвезда Анџелина Џоли и амбасадорот на ОН за бегалци, за нејзина посета на мигрантите на границата со Грција, пренесе Вест.
Неофицијално, тие побарале од седиштето во Женева да ја донесат Анџелина Џоли, но се уште се преговара.
Инаку, холивудската акетрка пред три години беше назначена за специјален претставник на високиот комесар на УНХЦР, која има цел да придонесе во изнаоѓање решенија за луѓето што се раселени поради конфликти.
Претходно, во септември годинава, на посета во бегалскиот камп во Гевгелија беше дојден и познатиот актер Орландо Блум.