02 Мај, 2024
0.0237

Анџелина Џоли напушти хуманитарна организација бидејќи ѝ ги злоупотребувале парите

Објавено во: Стил 02 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Холивудската актерка Анџелина Џоли поднесе оставка од хуманитарната организација за чистење на нагазните мини во поранешните воени зони.

Причината нејзиното повлекување е тоа што најголем дел од парите кои ги донирала оделе за ,,бирократски потреби" и за членовите на организацијата.

Таа била револтирана кога дознала дека членовите на организацијата наплатувале по 500 фунти секој ден за нивната работа.

Инаку, Џоли и самата има учествувано во акции на терен за вадење нагазни мини. Операцијата е позната како „Хелоу Траст“ и таа е вклучена во мисии за деминирање во 16 држави ширум светот, каде порано имало воени судирања.