27 Април, 2024
0.0475

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Објавено во: Македонија 28 Март, 2024

Добивај вести на Viber

- Има една чудна ситуација која се случува, иако со распишувањето на изборите е стопирана. Во декември во 2023 година Владата носи одлука за трансформација на договорите на определено време во неопределено вработување, а МИОА по брза постапка од 3 до 7 дена треба да даде согласност. И тука почнува една трка во институциите побрзо да вработат луѓе. Некои постапки и се завршени, но некои се стопирани поради изборите, но им се ветува на тие луѓе дека ќе бидат примени по изборите што е класичен предизборен поткуп. 

Таа информација на Владата за трансформација на вработувања е незаконска. Владата требала да поднесе таков закон за овие 2.700 работни места во Собрание и така да се изгласа. Сега тие луѓе се во неизвесност и создава немир кај луѓето - изјави Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер на Министерството заинформатичко општество и администрација во Студио 10 на ТВ 24.

Андоновски сепак дополни дека ова е хроничен проблем и било пракса и порано, поради што е воведен член 8 а од Изборниот законик кој го спречува тоа. 

- За здравствените работници ќе беше добро да се донесе закон за трансформација на работните места, но станува збор за малку вработувања во здравството. На пример, 300 вработувања се во Македонски шуми. Од друга страна, ова е направено со оглас на кој можел да се јави кој било, па имаме ситуации кога се примени лица кои воопшто не ни работеле на договор во некоја институција и му го зеле местото на оној кој работел на договор на дело - дополни Андоновски.

Тој нагласи и дека со донесување на забрана за ангажман на договор за дело се оневозможуваат менаџерите да функционираат. Од друга страна, трајните вработувања значат дека нема можност некој кој не работи да му биде прекинат работниот однос, а оној кој работи добро нема можност да се награди. Затоа, потребна е вистинска реформа на јавната администрација која ќе значи флексибилен и функционален систем и задоволни вработени.

- Сега имаме околу 130 илјади луѓе во јавната администрација, но има луѓе кои се иселуваат па се намалува бројот. Ние реформата ја гледаме во смисла на укинување или спојување на одредени административни институции за да бидат функционални.

Размислуваме да воведеме систем секој вработен да си го најде местото каде што му одговара да работи. Но, мора да се најде решение за прекинување на договорите на луѓе кои ништо не работат. 

За жал во администрацијата недостасуваат ИТ кадар, правници, архитекти. Тие луѓе нема да дојдат да работат од приватниот сектор затоа што платите таму им се поголеми. Затоа треба да се најдат решенија со обука на лица од администрацијата и за сметка на тоа да останат да работат во администрацијата - посочи Андоновски.

Тој додава дека нема превработеност во администрацијата, но перцепцијата е таква затоа што граѓаните се соочуваат со ситуации кога не можат да си ја завршат работата и тоа е легитимно чувство.

- Граѓаните се научија да живеат со апсурдите наместо државата да ги решава апсурдите. Таков е примерот со балансерот кога Македонци се пишуваат дека се нешто друго. 

Ние планираме да го укинеме балансерот затоа што е заснован врз погрешна основа, односно во него се бројат и оние лица кои се иселени од државата. Ние треба да ги гледаме условите дали се исполнуваат, па потоа да се гледа дали ако се вработи Македонец ќе се наруши балансот. Инаку има министерства и институции каде поголемиот дел од вработените всушност се Албанци - заклучи Андоновски.

Еве го неговото гостување.

Можеби ќе ве интересира

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите