03 Мај, 2024
0.0261

Ангеловска: Сите граѓани што ги исполнуваат условите, а не се избрани поради техничка грешка, ќе ги добијат картичките

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Сите граѓани што ги исполнуваат условите, а кои не се на листата на добитници поради некоја техничка грешка, таа ќе биде исправена и овие граѓани ќе ги добијат картичките. Но, за тоа ќе биде потребен период од неколку дена, со цел институциите да проверат дали граѓаните навистина не се добитници поради техничка грешка, или не ги исполниле критериумите. 

Бројот на претставките од граѓаните, но и младите луѓе, што не се нашле на списокот дека ќе ги добијат платежните картички, расте, и тој ќе ја надмине бројката од 20 илјади. 

Ова го објасни во интервју за Утрински брифинг на Слободен печат министерката за финансии, Нина Ангеловска. 

„Според моите информации што ги имам од Генералниот секретаријат на Владата, бидејќи таму стигнуваат претставките, бројот на претставки кои изнесуваа 20.000 претставки, сега е зголемен. Како што е познато, рокот за поднесување на приговорите е до утре. Покрај приговорите, има и голем број прашања, а тие се однесуваат на прашања од граѓаните зошто, на пример, една група е вклучена, зошто друга не е вклучена, како ќе се користи картичката и слично. Навистина се пристигнати огромен број на мејлови, работат 10 лица на категоризација и одговарање на мејловите. За сите каде се работи за техничка грешка, а граѓаните ги исполнуваат условите, грешката ќе биде исправена и ќе ја добијат картичката. Но, мора да се има предвид дека тоа ќе потрае неколку дена, бидејќи до утре е рокот до кој пристигнуваат приговорите. Потоа мејловите ќе се достават до соодветните институции, со цел да се види дали се работи за техничка грешка, или лицето не ги исплнува условите. Значи, сите што ги исполнуваат критериумите, ќе ги добијат картичките. Но, процесот ќе потрае неколку дена“, вели министерката Ангеловска.  

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија