06 Мај, 2024
0.0251

Ангеловска: Со домашната платежна картичка ќе се купуваат македонски производи

Објавено во: Економија, Корона Вирус 19 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Со домашната платежна картичка, која е дел од третиот сет на мерки, ќе се купуваат само домашни производи и услуги и на тој начин ќе се помогнат и граѓаните со пониски примања кои ќе ја добијат картичката,  и домашните фирми. Домашната платежна картичка ќе се користи во ограничено покусо време и на тој начин во пократок рок ќе се влејат повеќе средства во домашното стопанство, рече министерката за финанснии Нина Ангеловска во гостување на Телма.

 - Овие картички и оваа приватна потрошувачка ја фокусираме кон дома, кон домашното кон македонските призводи, кон македонските услуги. Како? Со тоа што за среќа технологијата ни дава сега можност да се имплементира тоа со цел да може да се ограничи каде оваа картичка ќе може да се искористи и во колкав временски период. Зошто е важно што кажувам кон дома – затоа што ако прво ја погледнеме структурата на бруто домашниот производ – 65% придонесува приватната потрошувачка, со ова директно ја помагаме. Тоа е важно да останат средствата кон домашните фирми и домашните производи затоа што ако ја погледнеме нашата увоз-извоз компонента има негативен придонес кон брутодомашниот производ, а ако дозволиме да се купуваат странски производи негативно можеме дури да влијаеме – вели Ангеловска.

Министерката за финансии посочува првиот столб од третиот пакет на мерки, кој се однесува на приватната потрошувачка, вклучува таргетирани групи на граѓани како ранливите категории,  граѓаните со ниски примања погодени од кризата, невработените лица, граѓаните кои се вработени но имаат близу минимална плата, кои ќе добијат ваучери за туризам и домашна платежна картичка. Понатаму тоа се младите и студентите кои не само што ќе добијат платежна картичка и директно ќе ја забрзаат приватната потрошувачка, туу и ќе добијат вештини во ИТ и дигитализација, бидејќи се нудат кофинансирање на обуки за млади лица. Четвртата група се лекарите и здравствените работници кои беа во првата линија во борбата против Covid-19.

Ангеловска посочува дека третиот сет на мерки има за цел да го амортизира ударот врз економијата и истиот има многу системски пристап да даде директни и краткорочни ефекти но и на долг рок да влијае на системски решенија. Покрај преку стимулирање на приватната потрошувачка, преку вториот столб на мерки директно се помагаат фирмите и економијата.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години