06 Мај, 2024
0.0235

Ангеловска: Во третиот квартал пад од 2,7 отсто, платежните картички ќе ја зголемат приватната потрошувачка

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Инјекцијата од 28 милиони евра преку домашната платежна картичка, односно преку зголемувањето на проватната потрошувачка за краток период насочена кон домашните производи ќе го амортизира економскиот пад. Во третиот квартал, согласно симулациите направени од Министерството за финансии, благодарение на домашната платежна картичка економскиот резултат ќе биде подобар за 0,7 до 0,9 процентни поени, вели во гостување во „Бизнис поенти“ на ТВ Алфа министерката за финансии Нина Ангеловска.

-Ако погледнеме во третиот квартал, согласно проектираниот пад на БДП од 3,4% на годишно ниво во основното сценарио, во третиот квартал зборуваме за проектиран пад од 2,7%. Со направена симулација - ако овие 28 милиони евра се влеат во економијата, точно како што е наменето во тие сектори за домашни производи и услуги, ние може да го ублажиме падот од 0,7 до 0,9 процентни поени - вели Ангеловска.

Министерката посочува дека земјата се соочува со најголемата економска криза после Големата депресија наваму и дека целта на ваквата мерка, со оглед дека приватната потрошувачка учествува со 65% во бруто домашниот производ е да се стимулира економската активност.

-Сите земји преземаат мерки за поттикнување и стимулирање на приватната потрошувачка во фаза на реотварање на економијата и враќање на довербата на граѓаните во - тоа се објекти кои беа затворени, кои немаа никаква економска активност и овие земји на свој начин ја спроведуваат мерката за давање на поддршка на граѓаните за зголемување на потрошувачката,може да ги погледнете Австрија, Словенија, Кина, Америка, најразлични примери, кои имплементирале вакви мерки на свој начин - вели Ангеловска.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години